„Гробот и смртта беа немоќни да ја задржат Богородица; Таа се застапува за нас, не` штити и останува непоколебива надеж; Христос кој се всели во Незината приснодевствена утроба, ја пренесе во Живот Мајката на Животот” ( Кондак глас 2 ).
На големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, верниците на МПЦО „Света Злата Мегленска“ Загреб, со голем почит и љубов кон својата Мајка, се собраа на Божествената Литургија, со која богослужеше парохискиот свештеник Протоереј Кирко Велински.
На Литургијата беа присутни и членовите на Македонската амбасада на Република Македонија во Република Хрватска: Неговата Екселенција г-дин Данчо Марковски и министер-советник Стојан Руменовски, со сопругите, како и Војниот аташе во Република Хрватска, генералот Драган Андрески.
Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
По молитвите на Успението на Пречистата Богородица, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не`.
Известува: Стојанка Тежак
Посети:{moshits}