логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

Слово на Неговото Преосвештенство, Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител, по повод Бигорското илјадалетие, изговорено во храмот на Чесниот Претеча, пред почетокот на Вечерната богослужба, сабота, 17 октомври 2020 лето Господово

Ваше Високопреосвештенство,

Ваше Високопреподобие,

Преподобни и чесни отци, браќа монаси и сестри монахињи,

Возљубени гости и пријатели,

Се наоѓаме во навечерието на големата прослава на великата годишнина на Свештената Бигорска Обител – 1000 лета од нејзиното основање од страна на нашиот отец меѓу Светиите, првиот и славен Охридски Архиепископ, Јован Дебранин. Јубилеј кој во себе открива еден недогледен океан на духовност, историја, просвета, родољубие, преродба, светост. Овој ден претставува, всушност, оцртување и заглавие на илјада години живот и сведоштво, и на подвиг и жртва на оваа свештена Скинија на Чесниот Претеча и Крстител Јован и го заокружува смиреното постигнување на нашата свештена монашка заедница. Стоејќи со восхит и благоговение пред оваа величествена годишнина, нашите срца се исполнуваат со благодарност и со должна почит кон нашите благочестиви претшественици, кон починатите отци и браќа наши, коишто во своите срца го запишале Словото на Вистината и ни оставиле образец на вистински живот и неспоредливо наследство. Просејќи го сега нивното застапништво пред Бога, со умиление и почит извикуваме: „Вечен им спомен!“

    Илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот. Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души; реката Радика, пак, се покажала како некој нов Јордан, каде што непрестајно одекнува Претечевиот повик за покајание: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно[1] – повик којшто силно одекнувал во нејзината клисура со векови, и оттаму се ширел како ехо низ нашите градови и села.

Поседувајќи го светото предание на православната црква и благословот да се биде еден од првите и најзначајните општежителни манастири на славната Охридска Архиепископија, Бигорската Обител станала татковина на обожени личности, кои, жртвувајќи се себеси во подвигот на смирението, послушанието и љубовта, дале непроценлив влог за благоуспевање на црковниот и општествениот живот во Македонија и покажале дека евангелскиот тип на човек не е утопија, ами реалност, која се остварува, се живее низ светотаинскиот живот на Црквата; личности кои покажале дека човекот е навистина боголик, создаден според образот и подобието Божјо. Затоа денес, кога го прославуваме илјадалетието на Светата Обител, ние сведочиме за Црквата Христова; сведочиме дека постои вистински Прототип на човек, дека Тој се наоѓа во неа и дека преку Него таа преживеала толку долго време; дека таа, Возљубената, која целата е убава и нема дамка[2], преку благодатта на Светиот Дух, го образува охристовениот човек, личносниот човек, вистинскиот човек. Таквиот човек и денес насушно му е потребен на нашето современо општество, растргнато од суровите влеченија на неверието, сомнежот, релативизмот, нихилизмот и технократијата.

3.angeli.so.truba

Кон богопрославеното бигорско илјадалетие, на наша чест, но и на голема одговорност, се додаваат и последниве две и половина десетлетија откако е возобновен монашкиот живот во него. Накалемено на духовната ризница на благодатта Божја, напластувана на ова осветено место со векови, нашето скромно монашко братство смирено ја продолжува мисијата на своите претходници, чиешто присуство од небесната Црква силно го чувствува и преку него се утврдува.

Овде, како неизоставен дел од скорешната и многуплодна историја на оваа Света Обител, благодарно ќе го издвоиме името на почитуваниот архипастир на оваа богочувана Дебарско-кичевска епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Тимотеј. И самиот замонашен во Бигорски, тој е архијерејот со чијшто благослов во 1995 година се возобнови монашкиот живот тука, откако од неговите свештени раце мојата недостојност го прими рамноангелниот монашки потстриг. Го сметам за голем Божји благослов и за историска придобивка за нашата Црква тоа што во тоа време на епископската катедра во нашата епархија се најде токму овој монахољубив владика, кој уште од почетокот се постави кон нас праведно, правомислено и, пред сè, татковски.

Во духот на светото православното монашко предание, Митрополитот г. Тимотеј му ја подари на Манастирот потребната благословена слобода и доверба, т.е. внатрешната автономија, загарантирана од правилото на древните манастирски типици и правилници, а коешто дословно гласи: „А манастирот ќе биде во сè слободен и непороблив… сам со себе господарејќи и владеејќи… потполно уживајќи ги своите власт и авторитет“[3], и владеен, според зборовите на Свети Василиј Велики, од аристократска свест и од еден Отец, авва, игумен, „кој го носи Спасителовиот лик“[4]. Имајќи ја оваа слобода во Духот Господов[5], нашата монашка заедница можеше непречено да го продолжи делото на славните бигорски граѓани, коишто сега се жители на Небото и кои од лоното Авраамово го продолжуваат со нас нашето заедничко дело: да се сведочи за радосната вест за Царството Божјо[6].

Освен околу манастирското устројство, правомислието на Митрополитот г. Тимотеј се покажа и во однос на светото таинство на исповедта, без кое не е можно човек да го очисти своето срце и да Го види Бога. Знаејќи дека духовното раководство не е просто административна институција во Црквата, востановена од извесни канонски одредби, туку со векови востановена пракса во светоотечкото предание, еден личносен однос и заедница во Христа, митрополитот не само што значително помогна да се возобнови ова прекинато таинство кај нас, туку, согласно учењето на православната Црква, дозволи слободен избор на духовен раководител, и на свештениот клир и на верниците во светот. Се сеќавам, кога со доаѓањето во Бигорски му спомнав дека мојот духовник е на Света Гора, дедо Тимотеј ми одговори дека нема никаков проблем со тоа, дека изборот во однос на исповедта е личен за секој човек.

3.angeli.so.truba

Заради сето ова, како и поради Вашата несебична помош и поддршка за прославата на великиот јибилеј, архипастиру наш свет, Ве молиме да го примите од нашите синовски раце највисокото милениумско одликување на Свештената Бигорска Обител – лента со ѕвезда и крст со ликот на Чесниот Претеча.

А сега, да торжествуваме духовно, зашто ова е денот што го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него[7]. Да прославуваме и да се радуваме заедно со знајните и незнајни светии што го осветиле ова место и да Му благодариме на Троединиот Бог и на Свети Јован Претеча и Крстител што нè удостоија во наше време оваа Света Обител да го одбележи своето илјадалетие. Историјата што се пишува денес, од нас бара залог да го продолжиме милениумското светоотечкото течение, та и ние, последните, да се удостоиме да се впишеме во славната бигорска повест и, со Божјата помош, да оставиме добри плодови за идните генерации населници и подвижници. А патронот на Свештената Обител, Чесниот Претеча, нека ја сочува здрава, неповредена и славна до крајот на вековите!

[1] Матеј 3,2.

[2] Сп. Песна над песните 4, 7.

[3] Gautier Paul. “Le typikon du Christ Sauveur Pantocrator”, Revue des études byzantines, t. 32, 1974, p. 127, r. 1613-1618.

[4] S. Basilii Magni, Constutiones monasticae XXII, PG 31, 1409A.

[5] сп. 2. Кор. 3,17.

[6] Лука 4,43.

[7] Псалм 118,24.

https://bigorski.org.mk/slova/episkop-partenij/1000-godini-bigorski-manastir-1000-godini-rodoljubie-prerodba-svetost/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная