ЗА СРЕДБАТА СО ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
За својата средба со Божјата Мајка, Свети Дионисиј Ареопагит му пишува писмо на својот учител апостол Павле, специјално доаѓајќи од Атина за да ја види Нејзе:
„Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена сила и благодат. Никој од луѓето не може потполно да го разбере со својот ум, она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство.
Пред мене сјаеше некој Боженствен блесок. Тој го просветли мојот дух. Јас почувствував благоухание од неописливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да ги издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Од нејзината благодат ми се исполни срцето и ми се потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Не можеме да си замислиме поголемо блаженство, од она, кое тогаш јас го почувствував.