Мото клубот „Ноќни Волци Македонија„ беше домаќин на Третиот Интернационален Мото Фестивал кој се одржа од 08 до 09 Јуни 2007 година на локацијата кај хотелот „Белви„ во близина на Скопје.
Фестивалот оваа трета по ред година го посетија во голем број и гости од цела Европа.
Како и секоја година, и оваа собирот го благослови Митрополит Струмички г-дин Наум кој пренесе благослов и од Архиепископот г.г. Стефан и се помоли за сите присутни како и за веќе починатите моторџии.
На собирот добредојде на посетителите им посака и градоначалникот на општината Илинден која и оваа година е домаќин на мото-фестивалот.
Oваа година мото собирот е посветен и на 40 годишнината од возобновуањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ.