На 23. 03. 2020 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, се отслужи света Литургија во сите архиерејски намесништва во Повардарската епархија. Свештениците, на оваа Литургија, го изнесуваат светиот Крст од олтарот и го поставуваат во средината на храмот - извршувајќи поклонување пред чесниот и животворен Крст. Потоа и сите присутни верници пристапуваат кон поклонување и целивање на светиот Крст.
Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.