логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Christ is Born! Glorify Him!

Merry Christmas!

May The Lord  Jesus Christ, the Son of God, who comes into the world this day, fill your hearts with light, joy, love, and every virtue.

May He bring peace into your homes and into the world!


Христос се роди! Слава Му!

Честит Божик

Нека Господ Исус Христос, Синот Божји, Кој дојде во светот овој ден, ги исполни вашите срца со светлина, радост, љубов и секоја добродетел.

И нека донесе мит во вашите домови и на светот!


Христос се роди! Thank

Навистина се роди!


Рождеството Христово, светата Црква, најсвечено го празнува како еден од најважните настани во историјата на човештвото. Затоа што, ако Христос не се воплотеше и родеше, немаше да биде реално и нашето спасение. Раѓањето Христово му дава смисла на животот човечки. Христос се роди како човек и му овозможи на човекот да се роди повторно (преку крштението), да ја победи смртта и да го наследи животот вечен. Преку рождеството Христово ни се даде можност да станеме синови Божји и наследници на Неговото царство.


Христос е центарот на се’ создадено, видливо и невидливо. Со Неговото раѓање витлеемската пештера, таа вечер, Тој ја направи центар на светот. Не беа тоа раскошните царски палати, туку една обична овчарска пештера. Зашто беше цар смирен и светот не Го прими.


Кога се роди Богомладенецот Христос, целата вселена му се поклони.

Ѕвездата од Исток застана над местото каде што беше младенецот.

Мудреците следејќи ја, од Вавилон дојдоа да му се поклонат и дарови да му пренесат.

Пастирите вчудоневидени Му оддадоа чест и Го прославија.

И Ангелите на небесата го воспееја извикувајќи: “слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја.”


И ние, да му го принесеме своето срцето на Бог и да го направиме Христос центар на нашиот живот. Да го исчистиме(срцето) и положиме јасли во него. Да го отвориме како некогаш пештерата за да во него, Христос благодатно се роди. Срцето наше да му постане дом и во него да се всели мирот и тишината. Тогаш ќе се исполниме со светлина и топлина и нашиот живот ќе се претвори во непрестајна радост.


Покајанието и исповедта го чистат срцето, а добрите мисли и дела се Негова постела, молитвата е светлина и љубовта - огнот која го стоплува. Да се сакаме еден со друг и да се почитуваме. Да не се мразиме. А ако нешто сме си згрешиле, да не држиме лутина и да си простиме. Да не се озборување и меѓусебно да не се повредуваме. Тоа се даровите коишто Бог ги бара од нас.


Овој ден е Божји ден. Ден на снисходувањрто Божјо кон човекот. Исто е и ден на соборноста на Црквата, кога земната и небесната Црква се собра околу Богомладенецот Христос и Неговата Мајка. Затоа и ние во овие празнични денови да ги оставете земните грижи и сите заедно да се собереме во Црквата за да му се поклониме како пастирите, да му принесеме (духовни) дарови како мудреците и да го воспееме како ангелите на небесата пеејќи: “слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја.”


Нека ви е честит празникот на рождеството Христово и за многу години!

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ! Навистина се роди!

 

о. Гаврил Галев

 7ми јануари 2019 лето Господово

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

« »

Православен календар

 

31/12/2025 - sreda

Божикен пост; (строг пост)

Св. маченик Севастијан и другите со него; Св. Флор, eпископ Амински; Свети Модест, патријарх Ерусалимски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Бонифациј 19 декември / 1 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Бонифациј 19 декември / 1 јануари 2025

Бонифацие свети мачениче,покајанието кон Љубовта Христова те поведе,напоен со молитвите на мачениците,ти за себе простување и венец од Господа измоли,а...

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски  31 декември/18 декември 2025

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 31 декември/18 декември 2025

Слава Тебе Господи,што такво срце човеково создаде,и по молбата Модестова очисти и исполни,со љубов кон родот човечки.Сотрудник Јованов, утешител Захариев,прославител...

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 30 декември/ 17 декември  2025

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 30 декември/ 17 декември 2025

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная