02.01.2019 - спомен на светиот отец наш Игнатиј Богоносец
Каде прво да побрзаме, во Витлеем каде земјата Му подготвува пештера на Оној што доаѓа од Дева да се роди, или во Рим каде богоносецот телото на својот Христос како жртва благопријатна му го принесува?
Од која глетка повеќе да се насладуваме?
Смирено ѕвездата да ја следиме, во Витлеем да побрзаме, Игнатиј да го поддржиме и Христа да Го пречекаме. Срцата пештери да ги направиме, од добри помисли јасли да скроиме за во нив Богомладенецот да се роди!
Сеноќно бдение во слава и чест на најсветиот отец наш Игнатиј Богоносец.
Извор: ФБ профил на храм СВЕТА ТРОИЦА, Охрид
Дејан Блажески