Скопје, 8-ми ноември 2018 г.- храм на св. Пророк Илија, н.Аеродром
На 8-ти ноември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Старечник
Ава Сисој говорел: „Биди смирен, откажи се од својата волја, не грижи се за ништо световно и ќе бидеш спокоен.“ Еден брат го прашал ава Сисој: „Што да правам со страстите?“ Старецот му одговорил: „Секого го искушува неговата похот, која го влече и мами.“
Скопје, 9-ти ноември 2018 г.- храм на св. Петка, н. Црниче
Скопје, 9-ти ноември 2018- храм на св.Петка, н. Црниче
На 9-ти ноември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светиот маченик Нестор
Старец Софрониј
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
Во дванаеситретата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светиот маченик Нестор, протоереј Јован Ристовски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Вообичаено, секој петок во овој храм по Литургијата се прави мал петочен водосвет, а денес тоа го направи протоереј Зоран Данев
Преминортал (к.т.)