Скопје, 25-ти февруари 2018 лето Господово - харам на Рождество на Пресвета Богородица
Во првата недела од Великиот Пост,на 25 февруари 2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го слави споменот на св. Мелетиј Антиохиски и св.Алексиј Московски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје,свештеникот Драган Јанковски во сослужение на свештеникот Константин Стевковски и ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.