логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

aco.beseda.jpg

Во денешно вереме на отсуство од духовна обнова и недоверба во духовни авторитети, почесто отколку кога и да било, треба да го читаме Светото писмо. Тоа треба да ни биде наша непоколеблива поткрепа, авторитет и раководство. Треба да го читаме со простодушност, доверба и внимание.

Што не поучува денешново евангелско четиво за исцерението на слепиот? На кои прашања од нашиот современ живот ни дава нашиот Господ и Спасител Исус Христос одговор во денешното Евангелие?

Сите нас одвреме - навреме не измачува прашањето за причините на човечките маки и страдања. Некако уште можеме да се согласиме, да ги прифатиме и да ги разбереме кога тие се јавуваат како средство за вразумување на грешникот. Но зошто понекогаш ги напаѓаат Божјите луѓе и праведниците?


Светото писмо ни дава одговор на ова наше прашање во денешново евангелско четиво, кое говори за еден човек кој бил слеп уште од раѓање.
- Зошто се мачел и зошто страдал тој човек?
- Зар може да се биде грешен уште пред самото раѓање? И Господ ни одговара на нашето прашање кога говори: „Ни тој згрешил нити неговите родители згрешија, но се родил слеп, за да се јават делата Божји“

Господ плукнал на земјата, направил кал и со неа му ги намачкал очите на слепиот и тој веднаш прогледал. Значи, има случаи кога ни се испраќаат неволљи и стрдања заради нашите или за гревовите на нашите родители, но и затоа за да се прослават Божјите дела, за да се просветиме ние грешните со Христовата светлина.

Но, не само на овој одговор за причините на човечките невољи и страдања наоѓаме во денешново евангелско четиво за исцерението на слепородениот. Често си го поставуваме прашањето за тоа дали се потребни надворешните форми на изразување на нашиот духовен живот? Дали се тие потребни и дали не се подоцнежно и непотребно наслојување на духовниот живот на човекот? И дали не е потребно ако се откажеме од сите тие надворешни форми? Светото писмо ни одговара и на ова прашање со личниот пример на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

- Зошто Господ направил кал за да му ги намачка очите на слепиот?
- Зошто го испратил да се измие во Силоамската бања?
- Зар не можел да го излекува слепиот само со силата на Своите божествени зборови?
Ако не го направил тоа така, како што мислиме ние, тогаш и очигледно, дека се сообразил со слабостите на луѓето и им дал пример и образец - како да го соединуват надворешниот обред со духовната милост.
Внимателниот читетел на Светото писмо ќе открива постепено во него се нови и нови бисери за украсување и објаснување на многу таинствени и иејасни работи во нашиот живот. Сите ние сме духовни слепци и Светото писмо ни ги отвара и просветлува нашите духовни очи.
- Што може уште да ни помогне духовно да прогледаме?

Молитвата - единствената и искрена молитва, макар и онаа со наши зборови.
Посетување на Божјиот храм, каде нема да се молиш ти самиот за себеси, но каде и другите ќе се молат за тебе.
Рековме напред читањето на Светото писмо, а сега велиме и на други духовни, иоучни и иобожни книги, особено житијата на светиите, каде се среќаваме со вистински и живи примери од христијанскиот живот.
Дружење со луге што имаат духовен живот.
Правење добри дела.

Благодатта на Светиот Дух, која е на секаде и особено ни се предава преку светите Тајни.
Внимателниот однос спрема животот, спрема луѓето и спрема природата.
На духовниот вид особено му помага трпението и смиренеието.
Сето ова не приближува кон Бога, не обновува, не очистува, но сето ова бара од нас извесни грижи и усилби.
Затоа, драги браќа и сестри, ако ни се болни очите на нашата душа или ако сме духовно слепи, ете овие услови нека не приближат кон Вистинската Светлина.


Денес се избори, да појдеме сите и да и помогнеме на државава. А нам Господ Бог нека не просветли со вистинска светлина за да ги избереме вистинските лидери. Амин.

Професор Ацо Гировски

01. 06. 2008

храм Св. Јован Крстите- Капиштец, во Скопје

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

16/08/2026 - недела

Преображенски и Богородичен пост (пост на масло)

Преп. Исакиј, Далмат и Фауст; Преп. Козма евнух; Преп. Антониј Римјанин; Св. мироносица Саломија;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная