Традиционално, и оваа година, во Македонската православна црковна општина "Света Злата Мегленска" се одбележа денот на Светите браќа Кирил и Методиј.
Во својата проповед протоереј Кирко Велински, парохиски свештеник, ја нагласи важноста на овие наши просветители, кои ни овозможиа богослужбите да ги слушаме на нам разбирлив јазик. Во нивното евангелско дело, може да се каже, беа сплотени, можеби за последен пат, христијански цркви од Исток и Запад во едно Тело - Тело Христово, народите во еден народ - народ Божји.
"Господ, Кој овие две македонски Светила ги направи орган на премудроста, да ни помага и нам преку молитвите на светите Кирил и Методиј!"
Верниот народ се причести со Светата Крв и Светото Тело Христово.
На својот парохиски свештеник му го честитаме именденот!
И на сите кои ги носат имината на овие наши светители!
На многу години!
Од Згреб известува, Стојанка Тежак
Посети:{moshits}