логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

April 7, 2017    

На епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера.
По тој повод ЕЦПО се зафати со работа на неколку проекти од кои некои веќе се реализирани, а некои ќе се реализираат во блиска иднина.Црквата од секогаш била современа и актуелна се со цел да биде поблиска и подостапна до народот. Поради тоа таа ги користела современите технички придобивки во своето време, како што во денешно време е интернетот. Сметајки дека учеството на Црквата во социјалните мрежи е од корист на луѓето, а пред се на младите, ЕЦПО на Австралиско – сиднејската епархија отвори своја фејсбук страница, твитер и инстаграм профил и јутуб – канал.Исто така еден од веќе реализираните интернет проекти на овој Одбор е и електронскиот билтен „Преображение“ кој што се издава еднаш неделно. Освен тоа остануваат уште многу пријатни изненадувања за во иднина, кои со Божји благослов, би требало да се реализираат во свое време.


Со најголема радост и особена чест сакаме да ве известиме дека со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско – сиднејската епархија, г. Тимотеј,  на овој убав, благ ден сакаме да ви ја презентираме нашата официјална веб – страница: www.mpcaus.org . Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне нашата веб – страница, која е сеуште е во доизградба, но заради потребата од актуелноста на овие празнични денови се одлучивме да ја објавиме на интернет етерот.На овој ден Архангелот Гаврил и ја открил благата – добрата вест на Пречистата дека ќе зачне преку Светиот Дух и во својата утроба ќе го роди Спасителот на светот. Овој ден е почетокот на спасението на човештвото. Во овој ден Бог му се понуди на човекот и преку Пресветата повторно, Бог беше прифатен од човештвото. На овој ден Бог и човекот направија Нов завет за нов почеток и нова ера во човештвото.
И како една симболика, поврзаност, а и континуитет, на овој ист празничен ден Бог повторно, на некој начин, му се нуди, сега, на нашиот македонски човек во Австралија, преку овој наш мал труд, како нов завет, нов почеток и нова ера во спасението на нашиот човек на овие простори.


Се надеваме дека нашиот нов веб сајт ќе биде извор на секое добро дело и од полза на сите верници не само во Австралија, туку и во Македонија и насекаде во светот.

 

Извор: http://mpcaus.org/novosti-od-mpcaus-so-blagosolov-na-g-timotej/

 

На итернет просторот уште еден драгоцен православен сајт.

Им посакуваме се најубаво!

Од Редакцијата на Преминпортал

 

Друго:

7-ми април 2017 лето Господово

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

« »

Православен календар

 

12/01/2026 -понеделник

+Преп. Гаврил Велички ; Св. маченичка Анисија; Преп. Теодора Цариградска; Св. апостол Тимон; Преп. Теодора Кесариска; Преп. маченик Гедеон; Св. Дионисиј Закински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Обрезание Господово 14 јануари/ 1 јануари /  2026

Тропар на Обрезание Господово 14 јануари/ 1 јануари / 2026

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 13 јануари/31 декември  2026

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 13 јануари/31 декември 2026

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Тропар на преподобна Меланија 13 јануари/31 декември  2026

Тропар на преподобна Меланија 13 јануари/31 декември 2026

Земното богатство раздавајќи го,на небесата вечни блага си стекнала,мудро си тргувала,земниот обручник со Небесниот си го заменила,Мелание преподобна, моли се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная