Во манастирскиот компекс посветен на свети Никола, денес (09. 05. 2008 година), се одржа средба на жителите од скопското село Љубанци и Унијата на младите сили на ВМРО - ДПМНЕ, од с. Љубанци. На средбата присуствуваа претставници од УМС на Општинскиот комитет на Бутел, Далибор Милановски, Претседателот на Градски комитет Скопје на Унијата на младите сили на ВМРО- ДПМНЕ, Диме Спасов, претседател на УМЦ на с. Љубанци, Нешковиќ Круме, Јаким Митрески од факултетот за Туризам- Скопје, градоначалникот на општина Бутел, Петре Латински, министерот за финансии д-р Трајко Славевски и др.
Голем интерес пројавиа гостите и со внимание ја ислушаа сестра Евпраксија за историјатот и времето на градбата на храмот, типикот и духовниот живот на монахињите од оваа монашката заедница.
Претседателот на Градскиот комитет Скопје, на Унијата на младите сили на ВМРО- ДПМНЕ, Диме Стасовски , заедно со младите од селото Љубанци, собрани околу сестра Евпраксија, не ја пропуштиа можноста, накратко да се информираат , за иконостасот и фрескописот на црквата .
Обраќајќи се на присутните, Нешковиќ Круме се заблагодари во името на жителите на Љубанци на честа која им ја укажаа гостите и пријателите и изрази надеж дека овие средби ќе прераснат во традиционални.
Носителот на листата на пратеници од изборната единица два на коалицијата „За подобра Македонија“ и министер за финансии, др. Трајко Славевски ги поздрави присутните гости и жители на с.Љубанци, и меѓу останатото, изрази надеж дека овој прекрасен манастир со заеднички сили ќе се доизгради и реставрира.
Посети:{moshits}