Лидерот на ДПА и искажал целосна поддржка на МПЦ на нејзиниот пат до целосно признавање на нејзината автокефалност.
Владата и официјално ја доби поддржката од двете најголеми верски институции за најновата верзија од Законот за верски заедници.
Речиси во истовреме со неговото влегување во собраниска процедура, лидерот на ДПА, Мендух Тачи на средби со поглаварите на МПЦ, г.г. Стефан и на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Лидерот на ДПА, вели дека Законот ги исполнува сите услови кои се неопходни за негово функционирање и е уверен дека тој ќе ја добие широката поддржка во македонскиот парламент.
На средбата во седиштетот на ИВЗ, Тачи го уверувал поглаварот Реџепи, дека со новиот закон ќе се надминат проблемите што ИВЗ ги има со радикални структури кои подолго време се обидуваат да навлезат во оваа верска заедница.
-Тоа не се само вахабисти, туку една испреплетена група на крининални структури, вели Лидерот на ДПА.
-Таа поддржка е јасна и недвосмислена. Ние се понудивме доколку има потреба да и помогне на МПЦ. Опасно е што некои политички групации не разбираат дека оваа игра со Македонската православна црква е многу по опасна од една верска игра. До тоа се надевам дека нема да дојде и Македонија брзо ќе стана членка на НАТО и Европската Унија, а МПЦ брзо ќе го доби своето признавање, изјави Тачи по средбата со Поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.
Известува: Марјан Николовски
повеќе