логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
 

Празничната Вечерна богослужба започна во 19.00 часот. На Вечерната богослужеше Митрополитот полошко- кумановски г. Кирил во сослужение со архимандрит Нектариј, игумен на Светинаумовиот манастир, архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир,  Охридски архиерејски намесник, јеромонах Доситеј, и свештенослужители од Охридската епархија.












Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил во чест на одбележувањето на јубилеот на МПЦ и неговиот личен ( 40 годишена архипастирска грижа за православниот македеонски народ),одржа пригодна беседа. 




БЕСЕДА

Во животот на секој човек, создаден од Бога, има настани кои остануваат во вечен незаборав.
Повикани сме преку мајчинскиот глас на нашата Света Црква денес и утре да се најдеме во нашиот македонски и сесловенски древен Охрид. Поводот е голем и значаен за нас - чедата на библиска Македонија, без оглед каде и да живееме. Деновиве сите му се радуваме на реткиот историски и судбински настан кој е од огромно значење за потврда на нашиот вековит опстој на овие македонски простори и по сите меридијани од земјината топка. Овој светол јубилеј е живо сведоштво дека можеме како библиски македонски народ да живееме и да твориме во полна државотворна и црковно - духовна слобода.

Се исполнуваат четириесет години од големиот историски чин, кога Господ не вдахнови и умудри на 17 јули 1967 година, Светиот Синод на Македонската Православна Црква, да ја донесе значајната Одлука за возобновување на целосната автокефалност на древната и славна Охридска Архиепископија олицетворена во денешната Светоклиментова Македонска Православна Црква. Со тоа ја отстранивме големата и тешка неправда која што и беше нанесена на Охридската архиепископија во 1767 година, кога беше незаконски пресечен нејзиниот животен крвоток од страна на иноверната отоманска власт.

Поаѓајќи од фактот дека се направени безброј неуспешни обиди за обнова на нормално живеење на нашата Света Црква од нејзиното укинување во 1767 година, и имајќи ги предвид барањата на нашето народно авангардно свештенство од 1943, 1945 и 1946 и богољубив православен народ во Татковината и дијаспората, чувствувавме дека гласот на нашиот верен народ е и глас Божји. Затоа и го послушавме!
Тогаш, озарени и вдахновени од Бога и од мудроста и молитвената закрила на вечно живите пред Бога, Свети Климент и Свети Наум Охридските Чудотворци, Светиот Синод на обновената во 1958 година, самостојната Македонска Православна Црква на чело со Архиепископот Доситеј и високопреосвештените митрополити: Климент, Наум и Методиј, како и мојата смерност, во предпладневните часови во црквата „Света Богородица“ во Охрид, ја донесовме и потпишавме историската Одлука за целосната возобнова на автокефалноста на нашата Света Црква.

Веднаш потоа се упативме во катедралната Црква „Света Софија“, каде не очекуваа членовите на највисокото законодавно тело - АЦН Собор. По презентираниот опширен елаборат и објавата на Синодската Одлука, истата беше со бурни овации и голем восхит и радост поздравена и едногласно прифатена од сите членови. Овој настан претставуваше повик до целиот македонски народ за целосно национално и духовно измирување и обединување. Оваа историска Одлука, објавена од архиепископот Доситеј, беше проследена со биење на камбаните во сите цркви и манастири во Татковината и во дијаспората, каде радоста за победата на македонската црковна правда и вистина беше метеорски пренесена.
Со овој историски чин засветли големата божествената сенародна македонска вистина што беше и силна гаранција дека и богољубивиот Македонскиот народ на црковен план ќе може да ја ужива и да и се радува на од Бога дарената полна црковно-духовна слобода и да ја преточува во дела што ќе биде потврда на неговото длабоко православие. Со тоа ја отстранивме двовековната обесправеност и духовна подјарменост.
Потписот на историската Одлука го ставивме со возвишен духовен и сенароден патриотски трепет и вознес, зашто сите знаевме дека оваа и ваква Одлука е од Бога благословена. Во тој миг бевме убедени дека ги исполнуваме заветите и светите аманети и пораки на сите доблесни македонски синови и ќерки и во овоземната и во небесната Христова Црква, заветите на сите македонски светии, учители, просветители и плејада борци и поборници за национална и црковна слобода. Тогаш зедовме свечена и заветна обврска, дека ја обновивме славата на Охридската Архиепископија, со цврста убеденост дека таа вечно ќе се чува и ќе се пренесува на идните генерации како израз на полнотата на нашето црковно - национално нераскинливо македонско заедништво.

Еден богомвдахновен мислител ќе порача: „Слободата е вечна, но таа постојано треба да се освојува“. Со обновата и го вративме животот на нашата Света Црква и го вративме сјајот и ја вративме душата.
Плодородното светоклиментово македонско стебло нема да допуштиме по никоја цена да биде пресечено. Црквата е на сите нас и ние сме должни да ја чуваме. Треба постојано да бдееме над спечалената слобода и несебично да се вградуваме и да вложуваме во нејзиниот развој и растеж.

На еден народ, на една црква, на една држава да им го одземеш името, е исто како и да им ја одземеш душата, а со тоа им го одземаш животот. Нашиот живот и опстој е во нашите раце. Името, самостојноста и автокефалноста на нашата Света Црква, се наши темелници. Нивното достоинство и чест сме ги повратиле со беспоштеден самопрегор и труд за да допуштиме тие да бидат препуштени на некои злочестиви алчни апетити.

Како жива и организирана Света Црква со право се надеваме дека ќе надвладее љубовта и трезвениот разум кај великодостојниците на сестринските православни цркви и дека за скоро ќе се најдеме на заедничка евхаристиската трпеза како вистински рамноправни чеда пред Бога.

Тој историски настан ни помогна да го доживееме новото воскресение на нашето сенародно, црковно - духовно живеење и творење во Татковината и во дијаспората. Плодовите на нејзиното творештво од 1967 година преку нејзиното организирано живеење се импресивни. Во еден подолг период доживувавме вистинска ренесансна преродба и покрај огромните тешкотии и искушенија со кои се соочувавме.

Сочувувањето на спечалените највозвишени вредности за својот народ, како резултат од извојуваната слобода, бараат длабока мудрост, единство и одговорност, особено во тешките мигови. „Големите луѓе секогаш се најголеми во тешките моменти а најсилно се потврдуваат кога пак ќе извојуваат победа“. Целосната обнова на нашата Света Црква ни помогна да постигнеме целосно духовно будење и вистинско национално осознавање. Таа на овој план импозантна улога одигра во дијаспората.

Да Му благодариме на Бога што повторно се издигнавме како Феникс.
Ретка пригода е од името на сите кои се преселени во небесната црква и од наше име, со голема почит да искажеме благодарност на нашата Македонска власт на ценетите меѓународни мировни фактори, на македонските медиуми за презентирање на позитивните настани и остварувања на нашата Света Црква во текот на нашето четиридецениско автокефално живеење.

Благодарност кон сите наши научни и просветни институти и институции. Кон сите трудбеници, штедри дарители и подржители на нашата Света Црква. Кон сите верски заедници за нивниот братски однос и соработка на нашата остварена црковна правда и вистина.
Затоа, да продолжиме предано да живееме и да твориме, по примерот на нашите доблесни предшественици, творци на трајни дела за нашата Света Црква, нашиот благороден народ и Татковина, за и тие да живеат и да творат за нас и со нас за навек.
Нека ни бидат честити и вековити јубилејните радости!

Господ на мирот и љубовта да биде со сите нас, сега секогаш и низ сите времиња и вечност.
Господ да ни ја благословува и чува нашата Света Црква, нашата Татковина, нашиот христољубив народ.
Господ да дарува вечен мир и благосостојба меѓу сите мирољубиви и правдољубиви народи и земји во светот!
 











Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

17/05/2026 - недела

Св.маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная