На 29 април 2008 година, кога го празнуваме Третиот ден од Христовото Воскресение, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беше отслужена Света Архирејска Литургија. На богослужбата чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со Протојерејот-ставрофор д-р Александар Мустеников, Архиѓаконот Стефан Барјактаров и ипоѓаконот Димитар Башевски.
Оваа богослужбата беше последна од серијата отслужени богослужби во спомен и чест на страданијата, погребението и воскресение на нашиот Господ Исус Христос.
Во присуство на голем број верници и во тажна атмосфера отец Мустеников го започна пеењето на 12-те страдални евангелија на Велики Четврток.
На Велики Петок беше изнесен крстот со Распнатиот Господ, а потоа и положена Плаштаницата, односно беше извршено погребението Христово.
На Велика Сабота наутро беше отслужена Светата Литургија, а во Саботата на полноќ и Неделата на Воскресението Христово започна прославувањето на најголемиот празник - Христовото Воскресение. Најпрво следеше трикратниот опход, а потоа воскресна утрена.
Во Неделата предпладне и во Понеделникот беа отслужени Свети Литургији.
По Светата Архирејска богослужба следеше братска и сестринска трпеза на љубовта, на која председателот на црковната општина Менде Талески му посака добредојде на нашиот владика господин Методиј, накратко го информира за постигнатите успеси и го покани што поскоро пак да не посети и да ја освети обновената банкетна сала Александар Македонски.
Известува Глигор Стефанов
Посети: {moshits}