На 10.04.2016 година, четврта Недела на Великиот пост – Св. Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски д-р г. Јосиф и надлежниот архиереј Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со свештеници од Тетовско-гостиварската, Дебарско-кичевската, Европската, Струмичката, Кумановско-осоговска и Преспанско-пелагониската епархија, се отслужи Василиева Литургија во Лешочкиот манастир. На светата литургија беше ракоположен во презвитерски чин ѓаконот Константин Павлевски. По литургијата се отслужи трисагија на гробот на нашиот просветител и голем духовник од времето на македонската преродба игуменот Кирил Пејчиновиќ, кој неуморно се борел за зачувување на чистотата на православната вера, и на изворното православно предание, трудејќи се да искорени секакво суеверие. Светата Литургија со своето пеење ја збогати женскиот хор „Менада“ под раководство на маесто Ивица Зориќ.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија
За Преминпортал, Синиша Георгиев