Денес, на празникот на Христовото влегување во Ерусалим (Цветници) протојереј – ставрофор д-р Александар Мустеников отслужи Божествена Литургија во црквата Свети Никола во Виндзор, Канада.
По богослужбата беше направена скромна братска трпеза на благодарноста кон дарителите и волонтерите кои во измината година со многу пожртвувана доброволна работа или со парични донации го помогнаа живописанието на црквата, реновирањето и доградувањето на помошните простории. За волонтер на годината беше прогласен Ангело Шапарданис, а за донатори на годината Менде и Елизабета Талески. Потоа свечено беше отворена обновената банкетна сала “Александар Велики”.- благодарноста кон дарителите и волонтерите.
Известува : Глигор Стефанов,
Artsome
Посети:{moshits}