Скопје, 1- ноември2015 г.- храм на св.Јован Крстител, н. Аеродром
Денес, во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Светиот пророк Јоил; Светиот маченик Вар; Преподобен Прохор Пчински; Пренос на моштите на свети Јован Рилски, в храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Аеродром, протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Ванчо Умленски, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа.
Преподобен Прохор Пчински
Тропар, глас1.
Пустински жител, и во тело ангел, и чудотворец се покажа, преподобен и богоносен отче наш Прохоре; откако со пост, бдеење и молитва, прими небесни дарови, ги исцелуваш болните и душите на оние кои ти приоѓаат со вера: Слава Му на Оној што ти дарува крепкост, слава на Оној што те овенча , слава на Оној што преку тебе твори исцеленија.
„Прeкраснo ги ракoвoди милoсрдниoт Бoг oниe кoи ќe сe прeдадат на Нeгoвата свeта вoлја и на Нeгoвo старатeлствo. Какo штo свeќарoт oд мeк вoсoк прави oнакви свeќи какви штo тoј сака, така и прeмудриoт Бoг прави oд Свoитe вeрни слуги, прави бeсмртни свeтила вo нeбeснoтo царствo.“
Preminportal (k.t.)