Скопје, 6- ти јануари 2015 год.- храм на св. Петка
На 6-ти јануари 2014 година, во триесеттата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа, во храмот посветен на св. Петка во скопската населба Црниче, протаставрофор Боге Димитриевски восослужение на ѓаконот Јане Илиев отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старечник
Еден монах, на кого некој брат му беше нанел неправда, дојде кај авва Сисој и му рече: „Еден брат ми нанесе неправда и сакам да му се одмаздам.“ Но Старецот почна да го моли: „Немој, чедо мое, туку подобро одмаздата препушти Му ја на Бог.“ А оној велеше. „Нема да се смирам дури не му се одмаздам.“ Старецот му рече: „Да се помолиме, брате.“ Па кога стана, рече: „Боже, не ни треба веќе да се грижиш за нас; зашто ние сами се одмаздуваме за себе.“ А монахот, кога го слушна, падна пред нозете на Старецот, говорејќи: „Ќе одам ќе се помирам со мојот брат. Прости ми, авво.“
Преминпортал(к.т)