На 19.12.2014 година во спомен на св. Николај Мирликиски Чудотворец, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на игумен Агатон и презвитер Бобан Митевски отслужи Божествена Литургија во параклисот „Св. Никола“ во н. Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен диполомираниот теолог Николај Киранџиќ.
Извор: Скопска епархија