Скопје, 29- ти ноември 2014 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
- Во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Матеј , во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгиј Победоносец во месноста Криви Дол, во Скопје, презвитер Горан Тасевски во сослужение на ѓаконите Игор Настоски и Гаврил Најдовски, отслужи Божествена Литургија . На крајот од Литургијата, отецот произнесе беседа.
Старец Софрониј
- Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21).
- Преминпортал (к.т.)