Денес, на празникот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, во црквата на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив во Струмица, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и надлежниот Митрополит Струмички г. Наум. На Литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.
Извор: Струмичка епархија