логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 




sv.NIKITA.Banjani7.jpg

  • Како би се поставиле доколку забележите дека некој незаштитен човек  е нападнат на улица? Ќе побрзате за да го заобиколите како и вие самите не би биле зграпчени? Ќе повикате полиција и отстрана ќе набљудувате што понатаму ќе се случува? Или ќе прискокнете во неволјата на блискиот?

Да не се  залажуваме: во нашето општество се распространети страшливоста, неспособноста да се заштити својот близок и отповикување кон туѓата болка. Најстрашно од сè е кога својата пасивност и слабиот карактер ги  прогласуваме како добродетел на смирението.
Еве еден настан што се случи сосема неодамна. Нема смисла да се прераскажуваат сите детали. Но, суштината се состои во тоа што во периодот на активната пропаганда еден дом за сирачиња  ги одзеде на една млада мајка нејзините две деца. Приближувајќи се до зградата каде што се наоѓаа дечињата, таа плачеше покрај прозорецот, од каде пак ја гледаа нејзините деца кои, исто така, плачеа, липаа и ридаа. И како врв на сè,  ситуацијата вон локалната единица не можеше да се разреши. Во органите за старателство измислуваа најразлични оправдувања од типот:  „ ќе ги вратиме децата кога ќе направите ремонт на станот“ или „ќе ги вратиме децата кога ќе се собере комисијата“. Како што подоцна се испостави, ниту им паѓало на памет да ги вратат децата. Сепак, некои од пријателите на страдалното семејство пројавиле активно учество и ги зеле работите во свои раце. Требало да се влезе во повисоки инстанци кои имале надзорна функција во однос на органите за старателство. Административната интервенција од врвот пронаоѓајки цела низа нарушувања во работата на органот за старателство обврза децата да ù се вратат на мајката. Службениците од домот буквално збеснале: “ Кој тоа се вмеша?!“ Но, тоа нека остане тајна.   

sv.NIKITA.Banjani.jpg
Наспроти раширеното мислење, доброто – тоа не е нешто налик на срамежлива благост во однос на злото кое се остварува околу нас, не е толерантно ласкање или трпеливост кон кои било облици на општествена несправедливост. Изворната љубов и добрина -  тоа е активна сила која никогаш не се помирува со злото, злобата или несправедливоста, во најнеопходниот момент се спротивставува, се бори со нив и ги искоренува.  
Во поемата на М. Ј. Љермонтов “ Песна за царот Иван Васиљевич, младиот гардист и среќниот трговец Калашников“ храбриот трговец Калашников не се исплашил да стапи во бој со омилениот гардист на царот Иван Грозни. Зошто? Затоа што гардистот Коробеевич сакал да посегне по семејството на Калашников,  да ја обесчести неговата жена, сопруга, не плашејќи се од неизбежната смрт, го надбива противникот.
 И сега, како во вакви случаеви да се воспостави сооднос со напоменатиот случај на христијанско смирение и незлобивост?
Изворното смирение, кроткоста, незлобивоста не претставуваат слаби црти во карактерот; напротив, тоа е умеење да се владее со себе, со своите страсти и чувства што претполага внатрешна моќ и сила на волјата.  Од една страна, тоа е умеење да се совлада сопствениот гнев како не би го излевале без причина. А од друга – умеење да се даде достоинствен отпор на непријателот кога треба да се заштитат своите блиски.

„ Схиигумен Сава (Остапенко): Која страст е најопасна, и кој грев е најпогубен? Страшливоста и кукавичлукот“.
» Архимандритот Рафаил (Карелин), овековечувајќи го во своите сеќавања образот на многу духовни луѓе со кои што тој се среќавал, наведува интересни согледувања од познатиот старец схиигумен Сава (Остапенко): Кои страсти отец Сава ги сметал за најпогубни за современиот човек? Колку и да е необично, баќушка не ги навел ниту блудот, ниту гордоста. А кога некој го прашал: Која страст е најопасна, и кој грев е најпогубен? – Тој одговорил:  Страшливоста и кукавичлукот. Таквиот човек секогаш живее двоен, лажен живот. Тој не може да го доведе доброто дело до крај, секогаш како да маневрира помеѓу луѓето. Страшливиот човек не ја говори вистината; доколку тој не ја надмине таа страст во себе, тогаш најнеочекувано под дејство на стравот може да стане отстапник и предавник“. Кога го прашав: „А како да се надвладее оваа страст?“ Тој одговори:  „Надвладувај ја малку по малку, не се надевај на луѓето, во таа смисла ниту на себе, но надевај се на Бога“. А потоа додаде: „Моли се на Мајката Божја – Таа е нашата избрана Војвотка“».
Како да се објасни однесувањето на неки примери од житијата на светиите, на пример, преподобниот Серафим Саровски кој не се спротивставил на своите лични напаѓачи кои го навалиле врз него во шумата? Свети Серафим Саровски на физички план бил многу посилен од  нив, но,сепак не им се спротивставил – нему му ја осакатиле клучната коска така што сиот живот тој одел подгрбавен.

 Повеќе

 3 Ноември 2014 година
Извор: православие.ру
Со благослов на отец Горан Тасески преведе м-р Пантелеј Кондратјук


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная