Септември 21, 2014
На 21. 09. 2014, На денот кога се прославува споменот од раѓањето на Пресвета Богородица, во храмот посветен на овој празник во Детроит, САД, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, сослужуваше на светата Божествена литургија, со која началствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот американско-канадски г. Методиј, во придружба на свештенослужители од Американско-канадската и Тетовско-гостиварската епархија. Инаку, Митрополитот г. Јосиф, на покана од надлежниот архиереј и Управниот одбор при храмот „Рождество на Пресвета Боородица“, е во официјална посета на Македонската црковна општина во Детроит, која оваа година одбележува 40. години од основањето.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија