Деновиве излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ посветен на светото царско семејство Романови и светите Руски новомаченици.
- „Господ го создаде човекот од земја, и пак во неа го враќа. На луѓето им даде одреден број денови и одредено време, им даде власт над сè што е на земјата. Ги облече во сила според нивната природа, ги создаде според образот Свој. Во секое создание вдахна страв кон нив, за да владеат над ѕверови и птици. Им даде разум, јазик и очи, уши и срца – да расудуваат. Ги исполни со знаење и разбирање, и им го покажа доброто и злото. Очите Свои ги стави во нивните срца, за да им ја покаже величественоста на Своите дела, за да го прославуваат Неговото Свето име и да ја објавуваат големината на Неговите дела.
Го зголеми нивното знаење, законот на животот во наследство им го даде. Вечен завет направи со нив и ги поучи на Своите повелби. Очите нивни го видоа величието на славата, а увото нивно ја чу славата на Неговиот глас. Бог им рече: „Пазете се од секоја неправда“. На секого од нив му заповеда како да се однесува со ближниот свој. Патиштата нивни секогаш се пред Него, нема да се сокријат од очите Негови. На секој народ водач му постави, а Израилот е дел од Господа. Сите нивни дела како сонце се пред Него; очите Негови секогаш ги пазат нивните патишта...
Милостињата човекова како печат е во Него, добротворството на човекот ќе го пази како зеницата во окото.“ (Книга Мудрост Сирахова 17, 1-18)
Извор:МПЦ-ОА