На 07.07.2014 година, денот кога Црквата го прославува Рождеството на светиот Јован Крстител, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во црквата посветена на свети Јован Крстител во нас. Ново Лициче, општина Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин го ракоположи дипломираниот теолог Диме Ивановски.
Извор: Скопска епархија