Возљубени во Господа,
Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан, а по благоволението на игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Бигорски“, архимандрит Партениј, на 22. 5. 2014 лето Господово, на празникот Пренос на моштите на свети Николај Мирликиски во Бари, познат меѓу народот и како летен Свети Николај, во храмот „Свети Николај Чудотворец“ во нас. Јане Сандански, на поклонение ќе бидат изложени мошти од овој голем и многупрославен светител и чудотворец, кои ќе бидат донесени од светата Бигорска обител.
Моштите ќе останат во храмот на одреден период.
Им благодариме на архимандритот Партениј и братството на Бигорскиот манастир за благословот и покажаната љубов.
Христос воскресе!
- Друго: