Донирани над една милијарда рубљи за изградба на 200 храмови во Москва
12 мај 2014 лето Господово
Верниците подарија повеќе од милијарда рубљи на Фондот за поддршка на проектот за изградба на 200 православни комплекс храмови, соопштува „Интерфакс-Религија“.
„Во врска со изградбата на православни храмови, само во Фондот за поддршка на изградбата православни храмови во Москва, пристигнаа повеќе од една милијарда рубљи. Освен тоа, во повеќето места каде што се предвидени изградби на храмови, анонимно пристигнуваат средства, собирани од страна на парохијаните на тие места или од други извори“ – соопшти претставникот на државната Дума, кураторот на проектот „Програм - 200“, Владимир Ресин, во текот на саботните споредни градежни проекти, кои се спроведуваат во рамките на оваа програма.
Истовремено со ова, според неговите зборови, помош пристигнува не само во парични средства – некој од дарителите носи тули или бетон, „некој дрвенарија, а многу градежници помагаат со својата доброволна работа; некои, пак, работат по минимална цена и не брзаат да наплатат, свесни дека дарувањата не доаѓаат редовно; други ја даруваат својата дневна заработувачка во тој храм каде што ги спроведуваат работите“.
В. Ресин потсети, како пример, дека за изградбата на храмот на Христа Спасителот пари пристигнуваа од сите региони и вкупно беа дарувани околу 30 милијарди рубљи.
В. Ресин го посети градежното место на храмот посветен на светите Царски Маченици на Новоподмосковскиот пат бр. 6, и се сретна со парохијаните, ветерани од Големата татковинска војна.
Работите околу надворешната конструкција на храмот се планираат да завршат до 1 септември. Потоа парохијаните ќе продолжат со неговото благоустроение, а во следната година градежниците ќе започнат со изградбата на објектот за предавањата по веронаука.
Извор: Православие.ру
Преземено од Бигорски манастир