Поедноставете го својот живот за да исчезне напнатоста
Бидејќи многу од тоа што прават не е неопходно, па заради тоа ги нагризува напнатост. Им зборувам за едноставност и подвижништво. Непрестано опоменувам: „Ако сакате да се ослободите од напнатоста - поедноставете го жиовотот.“ И многу од разводите на бракови всушност така и започнуваат. Работа има многу, луѓето имаат толку многу обврски, така што од сето тоа им се врти во глава. Работат двајцата, и таткото и мајката, а децата дома остануваат сами. Умор, нервоза,- мали проблеми, големи кавги - а потоа автоматски настапува развод; ете до каде дојдовме. Но кога би го поедноставиле животот би биле и одморени и радосни. Оваа напнатост е навистина убиствена.
Еднаш се најдов во една раскошна куќа и додека разговараме, ми рекоа: - Живееме како во рај, додека другите луѓе оскудеваат. - Ма вие живеете во пекол !- им реков. -Безумнику оваа ноќ...(Лк.12.20), му рече Бог на богаташот. Кога Христос би ме прашал: „Каде сакаш да те сместам? Во затвор или во куќа како оваа“, јас би одговорил: „Во еден мрачен затвор.“ Бидејки затворот би ми помогнал. Би ме потсетувал на Христос, на светите маченици, би ме потсетувал на подвижниците кои живеат по пештерите, би ме потсетувал на монашкиот живот. Затворот помалку би личел на мојата ќелија, и тоа би ме радувало. А ова вашево, на што би ме потсетувало и во што би ми помогнало? Затоа затворот повеќе ме исполнува, не само од еден светски салон, туку и од една убава монашка ќелија. Илјада пати повеќе би бил во затвор, отколку во една таква куќа...
(Продолжува)
-
Подготви: Сузана Стефановска
- 2-ри мај , лето Господово 2014