Поедноставете го својот живот за да исчезне напнатоста
-
Луѓето со светско размислување велат: „Блазе си им на оние што живеат по раскошни вили и ги уживаат сите удобности“. Но навистина блажени се само оние кои успеале да го поедностават својот живот, да се ослободат од јамката на тој светски напредок - многу олеснувања - кои всушност не се ништо друго туку само потешкотии, и така да се избават од таа стравична напнатост на нашето време. Ако човек не го поедностави својот живот, ќе се мачи, а ако го поедностави, нема веќе да ја чувствува таа напнатост.
Сега и на мирјаните им нагласувам- едноставност. Бидејќи многу од тоа што го прават - не е неопходно, па со тоа ги нагризува напнатоста.
(Продолжува)
-
Подготви: Сузана Стефановска
- 24-ти април, лето Господово 2014