Верниот Православен Македонски народ на најторжествен начин го прослави големиот празник Велигден поздравувајки се мегу себе со зборовите Христос Воскресна-навистина Воскресна!
Христољубивата управа на МПЦО-св.Кирил и Методиј на највисоко можно ниво организираше велелепна прослава на овој светол празник.
Светлина и сјај бликаше од отец Душко кој покрај читањто на Велигденската Посланица на крајот додаде-
,,Ние немаме толку голема црква на Велигден да го собереме целиот народ, но имаме срце и душа полна со љубов и на секого му подаваме рака и секој е добредојден во нашиот храм. Моите очи блескаат од радост бидејќи видов луѓе со сила и мок , луѓе со вера во своите срца, кои патувале и по 300 км. само за да бидат со своите македонци на овој светол празник. Драги браќа и сестри , бидете верни чеда на Македонската Православна Црква , ме имате мене како ваш свештеник и како ваш брат,и само заеднички ќе успееме да го сочуваме ова свето место кое ни го поклониле вашите родители,а и да го обновуваме во иднина. Не потпаѓајте под туѓги влијанија и не се растажувајте бидејќи како народ и црква сме непризнаени . На овие простори , јас , заедно со ваша помош со ваш искрен и чесен пристап ве уверувам дека се она што е македонско ке биде за пример во целиот свет. Овој ден го создаде Господ -да се радуваме и веселиме во него-Христос Воскресна!
Известува-презвитера Анита Пецова.