Скопје,17.04.2014 год.- храм на св.пророк Илија-н. Аеродром
Служба на Дванаесетте страсни Евангелија
Да се приближиме со страв до таинствената трпеза и со чисти души да го
примиме Лебот; да останеме покрај Владиката, за да Го видиме Оној Кој ги
мие нозете на своите ученици и ги брише со крпа; да правиме како што
видовме, покорувајќи се меѓусебно и миејќи си ги нозете еден на друг.
Зашто таква заповед Христос им даде на Своите ученици, но Јуда, роб и
лажливец, не ја послуша.
Утрена, Велик четврток.
Денес, 17-ти април 2014 година, на Велик Четврток , во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром,, отец Зоран Стаменковиќ во сослужение на свештенството на храмот и од Скопската епархија, ослужи Утрена богослужба на која се читаа 12-те страдални Евангелија.