логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Јас сум воскресението и животот;
кој верува во Мене, и да умре – ќе живее!
(Јн. 11, 25)

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Воскресението има централно место и е најважен настан во учењето и во животот на светата Црква. Таа се состои во Христовата победа над гревот и смртта, победа којашто Синот Божји ја извојува не за Себеси, туку за целокупното човештво. Затоа, да се верува во Христа, значи да се верува во воскресението!
По паѓањето во грев на првосоздадените луѓе, човечката природа стана ранлива и подложна на смрт. Прво настапи духовната, а потоа и телесната смрт, со што човекот се оддалечи од Бога. Но Бог не е одговорен за смртта, туку таа е последица на човековата непослушност и на неговото оддалечување од Изворот на животот. Светите отци и учители на Црквата учат дека Бог не ја создал смртта, туку ја допуштил од љубов и милосрдност, за да не станат злото и гревот бесмртни. Според тоа, смртта не е Божја казна,туку е резултат од оддалечувањето на човекот одБога. И единствен излез од таквата, навидум крајно безнадежна состојба, беше победата над саматасмрт. Затоа беше потребно Синот Божји да дојде воовој свет, да нè ослободи од смртта и да ни подаривоскресение, соединувајќи ги во Својата личностБожјата и човечката природа. Смртта, пак, што јапретрпе на крстот, беше, всушност, пораз на саматасмрт, зашто Христос, воскреснувајќи, ја ослободичовечката природа од смртните окови.

Возљубени чеда во воскреснатиот Господ,

            Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот (Јн. 3, 16).Тоа значи дека смртта е победена за сите, но секојод нас лично треба да учествува во таа победа. Зада се дојде до воскресение, неопходно е да се минениз голгота. Затоа тајната на Крстот и тајнатана Воскресението се тесно поврзани: како штоБогочовекот Христос доброволно се распна зарадинас, така и ние треба доброволно духовно да сераспнеме за да воскреснеме. Ние луѓето, всушност,треба да го распнеме своето себељубие, бидејќитоа ни е главната пречка на патот кон обновен ивечен живот. Преобразувањето на егоизмот вонесебична љубов, бара голем напор и многу жртвии себеодрекувања. Но страдањата на сегашното време, не се ништо во споредба со славата која треба да се открие во нас, вели св. апостол Павле(Рим. 8, 18). Со учество во тајната на Крстот и наВоскресението, ние се преобразуваме, се осветуваме, така што преку Божјата благодат го добивамедарот на љубовта, ослободувајќи се од ропствотона сопствениот егоизам. Во суштина, себељубието својот корен го има во стравот од смртта, пазатоа, победувајќи го него, ние ја надминувамесмртта и влегуваме во благословениот и обновенживот, чијашто врата ни ја отвори Синот Божји.
А тој живот не е ништо друго освен љубовта, па затоа свети апостол Јован ќе рече: Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; кој се плаши, не е совршен во љубовта (1. Јн. 4, 18). Значи, вистинската вредност е во жртвата што ја даваме за другиот, во нелицемерната љубов којашто, преку Божјата благодат, се шири насекаде околу нас и ги освојува срцата на многумина.

Возљубени празникољупци,

Основната цел на животот во Црквата, на светите тајни и на подвигот, е ослободувањето на човекот од ропството на гревот и на смртта. Само ако живееме на таков начин, ние ќе можеме да се измириме со Бога. И не се помирува Бог со човекот, туку човекот со Бога и преку тоа од непријател станува Божји пријател и учествува во Христовото воскресение. Трнлив и макотрпен е тој пат, но по неговото изодување нашето срце станува достојно и достоинствено живеалиште за Бога. Само со такво живеење ќе бидеме удостоени постојано да Го гледаме Воскреснатиот Христос до нас.
Впрочем, како што ни сведочи светото Евангелие, по Неговото воскресение Он повеќепати се јави пред Своите ученици, чиишто срца беа подготвени за средба со Него. Господ Христос не им се јави на непријателите и на оние кои се противеа на Неговата мисија. Не го стори тоа поради гордост, туку поради тоа што никого не сака да принудува на ништо. Едноставно, Он од нас само бара да го отвориме и очистиме срцето и така подготвени да Го примиме. Доколку самите не Му отвориме, Он нема присилно да ја отвори вратата и да влезе. Јас чукам и кој ќе Ми отвори – ќе влезам, вели Воскреснатиот Господ (сп. Лк. 11, 9-10).

Возљубени чеда на Македонската православна црква,

Времето во кое живееме изобилува со многу искушенија. И на личен и на општествен план трпиме најразлични напади, кои некогаш се отворени, а не ретко се затскриени под превезот на правдата и слободата. За жал, многумина денес живеат и ги воспитуваат идните генерации со она богоборечко и нечовекољубиво размислување дека другиот човек е мојот пекол (Сартр). Доживувајќи го присуството и делувањето на ближниот како закана за нашата слобода, ние доброволно прифаќаме да останеме под ропство на смртта. Човекот е создаден за заедница, а не за да живее како единка, сам за себе. Настанот на Воскресението нè повикува да го чуваме единството, духовно и национално, за доброто на нашата Црква и Татковина, и никогаш личните да не ни бидат пред заедничките интереси. Токму поради тоа Бог ни дава различни дарови, коишто треба да ги развиваме и употребуваме за доброто и напредокот, и својот, но истовремено и на сите. Не постојат двајца исти луѓе, затоа што секоја личност е единствена и неповторлива. Но за да можеме да бидеме вистински и достоинствени личности, ние треба да живееме и работиме според заповедите и учењето на светата Црква. Воскреснатиот Христос ни ја дава таа суштински поинаква насока, со која ќе нè одведе во радоста на вечниот живот: Како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас (Јн. 13,15 и 34).Затоа, да се испитаме себеси дали доволноправиме и се жртвуваме за другите. Често се случува сопствените удопства, и душевни и материјални, да ни бидат помили од ближниот, иако тоа свесно не го признаваме. Затоа е потребно дастражариме над своето срце и уште на почетокотда ги одбиеме сите себељубиви и страсни помисли,кои лесно стануваат дел од нашиот живот иоднесување. Не е доволно само на збор да тврдимедека имаме љубов и грижа за другите, туку тоатреба, пред сè, да го покажеме и докажеме на дело.

Возљубени велигденци,

Да Му благодариме на Бога што и годинава нè удостои да го дочекаме и да го прославиме Неговото воскресение. Благодарноста ќе ја покажеме со тоа што сите заедно ќе се трудиме да живееме богоугодно, како што им доликува на вистинските христијани. А тоа најдобро го изразуваме кога собрани на Божествената литургија, еден до друг, со едно срце и со една уста Го славиме Господа. Исполнети со велигденска радост, на овој Ден над деновите, ве поздравуваме сите, возљубени чеда на мајката Македонска црква, и во Татковината и насекаде по светот, посакувајќи секој дом и секое срце и душа да се исполнат со торжеството на ангелите, жените мироносици, апостолите и на сите богољубиви луѓе кои се радуваа на Христовото воскресение, и досега, и сега и во сите времиња! Амин!
 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН

Заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква

 
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и
администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

  2014 лето Господово


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

« »

Православен календар

 

09/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (на масло)

Св. свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски; Св. маченици Теодора и Дидим; Св. Давид Гареџиски; Св. Јован Руски ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная