На првиот ден од годинешниот саем на книгата, каде втора година по ред учествува и Македонската православна црква, а со тоа и издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“, се одржа промоција на трите последни изданија на нашата издавачка дејност. Промовирани, пред пошироката публика, беа делата „Св. Серафим Саровски“, „Старец Сампсон“ и „Старец Јосих Исихаст“. Промотор на делата беше протоереј Миле Штрбевски. На промоцијата присуствуваше и Митрополитот Агатангел.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел се испечати реиздание на книгата „Посен готвач“. Ова најново издание на издаваштвото на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ излезе од печат непосредно пред започнувањето на годинешниот Саем на книгата, така што сите оние кои сакаат да го купат ова издание можат да го најдат на штандот на Македонската православна црква на Скопскиот саем или да го порачаат директно од Повардарската епархија на тел. 043 221 23
Извор: Повардарска епархија