Во Грција ново чудо на светителот Лука, архиепископот Кримски
04 април 2014
Ново чудо на светителот Лука, архиепископот Кримски, се случи во Грција,16.jpg Арголида, во градот Аргос, соопштува Ромфеа.
Како што раскажува младиот човек, синот на диригентот на Државната Филхармонија на Аргос, Христос Аргиропулос, кога бил во храмот „Св. Петар“ тој од таму зел парче платно натопено со масло од моштите на св. Лука. На 30 март тој се сретнал со својот другар, сопственик на една продавница во Аргос, и му дал мало парче од платното со благослов од светиот, бидејќи тој другар имал сериозни проблеми со грбот. Најобични движења, нормални за здрав човек за него претставувале сериозна тешкотија: за да седне во автомобил му требало да трпи страшни болки цели дваесет минути. Не поминало ни половина час, а овој другар се јавил, липајќи со силни чувства: Само што пристигнал дома, мајка му го помазала со маслото од моштите и тогаш младиот човек почувствувал како нешто да му излегува од внатре и истиот миг исчезнале сите болки што го мачеле толку долго време.
По извесен период Христос Аргиропулос се сретнал со својот другар. Тој започнал пред него да прави акробатски движења на самиот тротоар, плачејќи и смеејќи се истовремено, пишува Ромфеа.
Извор: Православие. ру
Преземено од: Бигорски манастир