Скопје, 22-март 2014 год. - паркчето кај Форум на Рекорд
- Група прекрасни млади личности, полни со љубов и добрина соборно одлучија да помогнат на дечињата од домот 11 Октомври во Скопје. Првобитната замисла насловена "за помош на трите сестрички" поради масовноста на одзивот прерасна во малку поширока акција, под мотото- „За алтанчињата од домот 11 Октомври“ . Во ова саботно претпладне со благослов на Митрополитот Европски Пимен, тие се решија дел од своето слободно време да го посветат во интерес на дечињата кои се згрижени во домот на деца без родители, бидејќи како што тие велат, „дечињата во моментов го имаат само домот и - нас“ . Акцијата беше наменета за собирање помош за сите дечиња од домот. Секогаш спремни да помогнат, хуманите скопјани донираа алишта и играчки за сите возрасни групи во домот.
Меѓутоа, добрината секогаш има преубава димензија, и насмевката кои тие сакаа да ја видат на невините детски лица, ги опфати и нивните души. Сите беа полни со радост и спокој, и тие што донираа и и Владиката Пимен и сите заедно со оваа група ентузијасти.
Владика Пимен: „На христијаните согласно со верата им е еден вид обврска да го помагаат братот свој, но има прекрасни и хумани луѓе и надвор од црквата, ги има и во другите вери, ги има и меѓу оние кои се декларираат како атеисти. Во хуманоста барем да не се делиме ве молам!“.
- Малечката Ана Марија, дојде со својата мајка, сакајќи таа лично да им подари на децата од домот од своите омилени играчки. Почна да ги собира сите играчки. Кога домашните ја опоменаа дека ништо нема да остане за неа, ова чудесно мало, но големо по хуманоста детенце им одговори: „тие немаат кој да им купи, мене тато и мама ќе ми купат други.“
- Преминпортал (к.т.)
- 22- ри март, лето Господово 2014
- 23.03.2014 год.- Митрополит Европски Пимен:
-
„Не сакам ова да биде сфатено како фалба, како реклама. Но често сме неправедно напаѓани за нехуманост. Ќе успее ли ова да го смени нивното мислење? Дај Боже, но се сомневам.Му благодарам на Бога што ни подарил ваква младина со голема Човечност во себе, со ваква Љубов кон најмалиот од нас, со верба во подобро утре. Му благодарам на Бога што бев дел од оваа голема екипа. Им благодарам на дечките што ми дадоа доверба да бидам дел од оваа организација.“