Скопје, 21- ви март 2014 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
КОНДАК 4
Имајќи во себе бура на помисли сомневачки,
целомудрениот Јосиф се збуни
гледајќи Те, неискусобрачна,
за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна;
кога дозна дека од Светиот Дух е
Твоето зачнување, рече:
Алилуја!
Во третата недела од Великиот Пост, на 21-ви март 2014 година, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на свети Теофилакт, епископ Никомидиски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, свештенството на храмот отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На ова трето по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
- Преминпортал (к.т)
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка
песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината
на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој
светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката
Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод
зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба
кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“