Пријдете,
верни, да пиеме не од земниот извор, но од источникот на светлината,
поклонувајќи се на Крстот Христов, зашто Крстот негов е наша слава.
Утрена, Крстопоклнона Недела
Твојот Крст, Господи, е свет и носи исцеление на болните од гревот. Поклонувајќи му се, припаднуваме пред Тебе, помилуј нè.
Поуки на светите отци: …кога човекот е лишен од Светиот Дух, како да се надеваме за негово спасение, како потоа тој ќе може исправен да оди?
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Господи Благ, научи нè со секој нов ден, со секој нов опит подобро да
ги разбираме Твоите зборови: »кој ќе го загуби својот живот заради Мене,
ќе го најде«. Губејќи се себе во Твоја служба, да се збогатиме со
радоста на животот. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 10, 12-20
Битие 7, 6-9
Соломонови Изреки 9, 12-18
Созерцание: Не давај да застрани срцето мое кон лукави
зборови и да врши грешни дела. Да се исправи молитвата моја како кадило
пред тебе, воздигнувањето на моите раце – жртва вечерна.
Псалм 140, 4; 140, 2
Подготви: А.Л.
Преминпортал, лето Господово 2014