15.03.2014.
На 14. 03. 2014 година, во организација на Повардарската епархија на МПЦ, а во содејство со граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ се одржа трибина на тема „Одбрана на името“. Трибината се одржа во салата „Бели мугри“ во Велес.
Трибината ја отвори Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на неа учество земаа г-дин Александар Русјаков на тема - Целите на Македонскиот Манифест, г-дин Ефтим Клетников на тема - Македонија и Македонците во Библијата, потоа г-дин Стефан Влахов Мицов на тема - Континуитетот на Македонците и идентитетот од антиката до денес и г-дин Ристо Никовски на тема - Меѓународниот фактор и името.
Инаку, преку граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ голем број на јавни македонски личности бараат прекин на преговорите за името, прием на Македонија во ОН под уставно име и за името на државата да не се решава на референдум. Оваа граѓанска иницијатива ја поддржа и нашиот Митрополит г. Агатангел.
Извор: Повардарска епархија