Во првиот петок од Великиот Пост, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото архиерејско намесништво.
На вечерната богослужба во првиот петок од Великиот Пост, пак, исто така во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.
Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. вмч. Пантелејмон“.
Извор: Повардарска епархија