Им простуваш на другите?
Свети Јован Златоуст
Ако ти кажам, да постиш почесто, се правдаш со слабоста на телото.
Ако ти кажам, дај им на сиромасите, ми велиш дека и ти си сиромав и имаш деца за гледање.
Ако ти кажам да доаѓаш редовно на црковните собранија (Литургија), ми велиш дека имаш разни грижи.
Ако ти кажам да внимаваш на она што се кажува во црква и да ја сфатиш длабочината на зборовите Божји, се правдаш пред мене со твојот недостаток од образование.
Ако ти кажам, да се погрижиш да му помогнеш душевно на својот брат, ми велиш „не ме слуша кога го советувам, откако многу пату зборував со него, тој ги презре моите зборови“.
Секако, не држат место овие и сето ова се млаки зборови, но, и покрај тоа, можеш да се оправдаш.
Но ако ти кажам, остави го гневот и прости му на твојот брат, кое од овие оправдувања можеш да го искористиш?
Мислам дека не можеш да ги приведеш како оправдувања ниту немоќта на телото, ниту сиромаштија, ниту необразованост, ниту обврски и грижи, ниту било што друго.
Поради тоа од сите свои гревови, овој грев ќе ти биде неопростлив.
Навистина, како ќе можеш да ги издигнеш твоите раце кон Небесата? Како ќе го движиш својот јазик за да се помолиш? Како ќе бараш прошка?
Дури и ако сака Бог да ти ги прости гревовите, ти не Му дозволуваш, бидејќи ти не му ги простуваш гревовите на својот брат.
Зашто, ако самиот ти се одмаздуваш и го напаѓаш било со зборови, било со однесување, било со клетви, Бог повеќе нема да интервенира, штом ти си ја презел Неговата одмазда.
И не само што не интервенира, туку и од тебе ќе побара одговор, бидејќи ти си се поставил навредувачки кон Него.
Превод од грчки јазик:
Свештеник Јани Мулев
Изворник:
Άγιος Ιωάννης Χρυσόστομος,
ΣΥΓΧΩΡΕΙΣ ΤΟΥΣ ΑΛΛΟΥΣ;
Од сајтот: Агиоритико вима
9-ти јануари, лето Господово 2014