логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 pravoslavieto.s6.jpg

pravoslavieto.s2.jpg

„...Еве веќе денес насекаде низ целата православна Екумена се прославува споменот  на една од најголемите победи во историјата  на човештвото и  православието а тоа е победата на свештенството, монаштвото и верниот народ над иконоборството.Денес е величенствениот ден кога светите икони и мошти триумфално биле вратени во храмовите каде што припаѓаат и каде што им е местото.
   Во време на владеењето на царот Лав III  Исавријанец според сведоштвото на Астериј Амасијски поедини свештеници и верници стружеле од бојата на иконите па ставале во светата причест, некои служеле света литургија наместо на престол врз светите икони, се случувало некои од нив иконите да ги земаат за кумови при  светото крштение или за старци при монашкиот потстриг. Поттикнат од сево ова а воден од заповедта која ни е дадена во Стариот Завет да не правиме идол од ништо што е на земјата под водата или горе на небото да не им се поклонуваме и служиме царот Лав ИИИ заедно  со своите истомисленици во 726 год ги забранил за употреба и ги  исфрлил светите икони од храмовите..Гонењето на христијаните особено се зголемило кога на царскиот престол дошол Константин Копроним синот на Лав ИИИ кој бил уште посуров од неговиот татко и за негово време се промениле три патријарси кои во целост му биле потчинети, а прогонувањата на иконопоклониците се споредувале со гонењата што се случувале во времето на Диоклецијан. Константин свикал и икноборечки собор на кој успеал да го отфрли и почитувањето на Мајката Божја забранувајќи Таа  да се нарекува ,,СВЕТА.” На овој собор на анатема биле предадени заштитниците и исповедниците на православието од тоа време:светиот патријарх Герман, преподобниот Јован Дамаскин кој напишал три апологии за одбрана на иконите и светиот Георгије Кипарски. Царот со неговите истомисленици сурово го измачувале верниот народ, на иконописците им ги гореле рацете, на монасите им биле кршени главите врз иконите тие за на крајот да ги исфрлат и  иконите од храмовите но сепак не успеале да ги победат и исфрлат живите икони од богоподобните луѓе кои со голема вера во Бога и во исправноста на иконопочитувањето стоички успеале да ги издржат сите страданија за верата Христова. Зборот икона е грчки збор кој во буквален  превод значи слика, а во теологијата се толкува со слика која го предобразува Христовиот лик, или уште го означува христоподобниот лик на светителите на кого всушност ние и му се поклонуваме и го славиме, што било нагласено и во оросот за почитувањето на иконите донесен на Никејскиот собор каде што се вели:,,Кој се поклонува на иконата се поклонува на лицето /ликот,образот/на оној кој на неа е насликан. Во 787 година царицата Ирина по инсистирање на Цариградскиот патријарх Тарасиј, свикала Вселенски Собор за да се воспостави повторно нарушеното единство во православната црква и да се исцелат раните кои иконоборците му ги нанеле на телото на црквата Христова. “

pravoslavieto.s1.jpg

pravoslavieto.s.jpg

Во денот кога Светата Црква го слави споменот на светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск и  света Пијамука Мисирска, во храмот на св. Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

Фото: брат во Христа,  Славе Т.

Недела на Православието 

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

17/07/2026 - петок

Св. Андреј, архиепископ Критски; Св. Марта; Преп. Андреј Рубљов ; Светото царско семејство Романови ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная