На 14.02.2014 година, кога Светата православна црква го празнува споменот на св. мч. Трифун, во храмот посветен на Св. Петка во Црниче беше спроведена акција за доброволно дарување крв. Акцијата за прв пат беше организирана пред точно пет години, во соработка на ЦК на Кисела Вода и ИТМ, а со благослов на настојателството на храмот и премина во една убава традиција, каде верните имаат можност својот живот во црквата и пребивање во верата, да го поткрепат со правење добри дела, со дарување крв. Има ли поголема радост од тоа да се подари дел од себе за ближниот свој. Дарувањето крв е дарување љубов, а зарем тоа не е нашиот најголем атрибут во нашата православна вера, на која не поучува нашиот спасител Исус Христос.
За Преминпортал (Д.Б.)