Тодорова сабота во Дебарско-кичевска епархија – Охридско архиерејско намесништво, се празнуваше во градските и селските цркви со Свети Литургии, на кои верниците во голем број пристапуваа за причестување со Светите Тајни на Господ Исус Христос.
Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј отслужи Божествена Литургија во Охрид во црквата на Пресвета Богородица – Каменско, во сослужение на презвитерите Љупчо Симиџиоски и Игор Никовски, како и ѓаконот Димче Азески. На крајот од Светата Литургија кон светиот Путир пристапија сите православни верници, кои и оваа година целосно го исполнија светиот храм.
известува: свештеник Игор Никовски
фото: Саше Целески
Посети: {moshits}