На 15. 03. 2008 година, на празникот на св. свмч. Теодот еп. Киринејски (тодорова сабота) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Литургија во храмот на Пресвета Богородица во Пробиштип, по што, во своето пригодно слово што го произнесе во чест на овој празник, покрај другото на православните верници им укажа на големото значење на Светите Тајни Исповед и Причест.
На овој празник, секогаш, по традиција се причестуваат голем број верници, па така и оваа година бројот на верниците кои пристапија кон Светата Чаша беше огромен.