Скопје, 20-ми јануари, лето Господово 2014- храм на св. Петка на празникот на Свети Јован Крстител
Светиот маченик Атанасиј
Свети Јован Крстител
Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.
На 20-ти јануари 2014 година, кога Светата Црква го слави споменот на Свети Јован Крстител, во храмот посветен на св. Петка во скопската населба Црниче, презвитер Зоран Данев отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во својата беседа отецот посочи за набесната награда кон кои треба да се стремиме (доколку ја добиеме зенмата, да неочекуваме дека ќе ја добиеме и небесната), за нашиот однос кон постот, кој треба да ни претставува радостен подвиг, и доколку не е така, тогаш да се преиспитаме и побараме помош од духовникот,... за милосрдието кое треба да е вистинско и љубовно.
Преминпортал (к.т.)