19.01.2014 Богојавление - Водици во параклисот на св. Николај Чудотворец, населба Аеродром
Бог се јави - Навистина се јави! Така денес Православната Црква го објавува Богојавлението Божјо. Токму затоа, овој ден е наречен Богојавление, бидејќи Бог се објави во три лица - Отецот кој говореше од небесата, Синот се крштеваше, а Светиот Дух слегуваше во вид на гулаб. Секако овој голем празник се прославува ширум светот, така и кај нас, беше прославен со Божествена литургија во параклисот на свети Николај Чудотворец во населба Аеродром, возглавена од отец Бобан Митевски. Верниците кои молитвено се подгтвуваа пристапија кон Светиот Путир за да се причестат со Телото и Крвта на Спасителот Наш. На крајот од литургијата беше изврешен голем Богојавленски водосвет. „Духот Свет кој слегува на водата ги менува нејзините природни особини. Водата станува нетрулежна, нерасиплива, отанувајќи свежа за многу години. Оваа Света Вода добива благодат да исцелува болести, да изгонува демони и секаква зла сила, да ги чува луѓето и нивните домови од секакви опсности, да осветува различни предмети за црковна или домашна употреба. Според тоа, Православните Христијани со почитување ја пијат Светата Вода - Агиазма која се употребува како Света Причест“ (поучување од св.Јован Битолски - Шангајски).
(за Премин Портал: А.З. и Д.Б.)