логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Повардарска епархија

Во масовната акција за пошумување „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, која се одржа вчера низ целата територија на нашата држава учество земаа и нашите свештеници Борислав Бобевски, Благој Гушков и Ристе Јанушев.  

 

  Акцијата помина според замислената агенда, засадени беа околу два милиони садници, симболично според бројот на жители на нашата држава.  

Извор: Повардарска епархија


 Полошко- кумановска епархија

  
 
 
..., Митрополитот Кирил ја пренесе специјалната порака упатена од страна на Поглаварот на нашата Света Црква г.г. Стефан до aрхиереите, свештениците, монасите и верниците, целосно да биде поддржана акцијата, во од Бога даруваниот ден, наречена „Засади ја својата иднина”. Митрополитот Кирил ги задолжи свештениците веднаш по отслужената Преждеосвештена Литургија и извршената тајна Исповед, заедно со своите верници да се најдат на определените терени каде што на денешен ден треба да се засадат преку 2 милиони дрвца на од Бога благословено тло на родна и мила Македонија. Дека свештенството треба целосно да биде ангажирано во овие возвишени акции, Митрополитот Кирил го посочи ангажирањето на патронот на нашата Света Црква - Свети Климент, кој бил подржувач, иницијатор на просторот на Македонија да се засадува што поголем број родни дрва: јаболкови насади, насади од круши, ореви и ред други дрвца меѓу кои и цреши, особено во охридскиот регион, од кој период остана да се спомнува сортата по негово име „Климентина“. Митрополитот Кирил порача не само во денешниот ден, туку во тек на наредниве години да се засадуваат што повеќе родни и егзотични дрвја по планините и ридиштата, со цел Македонија да ја претвориме во цветна рајска градина.

Инаку, откако се роди ова благородна вест заедно со своите свештеници на просторот на неколку манастири, а со поддршка на ценетите претставници од „Македонски шуми“, засадени се повеќе десетици дрвца. Само на просторот на една лавра на свети Георгиј во с. Дељадровци се засадени преку 200, а во тек на неколку денови околу 300 дрвца.

Инаку, Митрополит г. Кирил е голем љубител, иницијатор, креатор и реализатор за засадување на што поголем број на површини со плодородно овошје. Пред десетини години на манастирскиот комплекс на свети Јоаким Осоговски во с. Псача (Чифлик) се насадени преку 2000 модри сливи, околу 6000 малини и 2000 капини. Оваа благородна активност се практикува и на други манастирски комплекси како што е родната Преспа на Митрополит Кирил, кој што е првиот што насадил еден хектар ореви насади пред неколку години, а исто така со своите браќа засадиле три хектари овошни насади од најнови сорти, а кои ги даваат првите плодови. Веднаш по светата богослужба нашиот Митрополит Кирил заедно со своите соработници се упати во манастирскиот комплекс на свети Георгиј во с. Дељадровци за да продолжи на овој значаен денешен ден со засадување на уште неколку украсни дрвца, а на свештениците им препорача веднаш да се упатат до определените пунктови и да се најдат со своите верници за да засадат уште дрвца, нагласувајќи го мотото “Засади ја твојата Иднина”.


 Преспанско- пелагониска епархија

Митрополитот Петар зеде учество во акцијата „Денот на дрвото - засади ја својата иднина” (13.03.2008)


На 12.03.2008 година, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар зеде учество во акцијата „Денот на дрвото - засади ја својата иднина”. На опожарените ридови над селото Маково и околните села, беа засадени 10.000 садници. Акцијата продолжи и во Централното градско подрачје на Битола, каде што со претставници од Еврејската заедница, беа засадени садници во чест на жртвите на Холокаустот.

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

13/06/2025 - петок

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная