Христос се роди!
Денес навистина беше прекрасно да се присуствува во нашата Македонска православна црква во Лос Ангелес, посветена на Успение на Пресвете Богородица. Црквата бесе премала за да ги прими сите посетители. Од лицата на повозрасните но и од најмладите се читаше рожденската радост,а на крајот од Божествената Литургија на повикот од свестеникот “Со страв Божји вера и љјубов пристапете”, верниот народ се причести со Светите Дарови.
Ја користиме оваа прилика на сите православни христијани да им го честитаме големиот празник и молитвено да им посакаме мир и љубов во Господа. Христос се роди!
За Преминпортал:о. Ристо Ристовски